вторник, 13 мај 2025

Зеленски: Повеќето делови од севернокорејската ракета истрелани кон Киев потекнуваат од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на социјалните мрежи објави дека ракетата употребена во вчерашниот напад врз Киев, во кој загинаа 12, а беа повредени повеќе од 90 лица, е произведена во Северна Кореја.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Недостатокот на доволен притисок врз Русија им овозможува да увезуваат такви ракети и друго оружје и да ги користат тука, во Европа. Недостатокот на доволен притисок врз Северна Кореја и нејзините поддржувачи им овозможува да произведуваат такви балистички ракети“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека ракетата што го погодила Киев содржела најмалку 116 компоненти од други земји. „Поголемиот дел од тие компоненти, за жал, се произведени во Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски.

Тој, исто така, предупреди за поширокиот контекст на војната.

„Во денешниот свет, секоја војна може многу брзо да вклучи широк спектар на актери. Жртвата на агресија никогаш не се брани само од еден непријател, туку од цела група помагачи. Затоа е важно одбраната да се заснова на колективни напори“, додаде Зеленски.

Тој повторно повика на итен притисок врз Москва.

„Инсистираме Русија веднаш и безусловно да се согласи на целосен прекин на огнот. Украина пред 45 дена го прифати предлогот на претседателот Трамп за прекин на огнот на небо, море и копно. Понудивме проширување и продолжување, особено за Велигден. Исто така, директно ѝ предложивме на Русија барем да престане да гаѓа цивилни цели. Русија го отфрла сето тоа. Затоа нема решение без притисок. Притисокот врз Русија е неопходен. Запирањето на убиствата мора да биде прв приоритет“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ