„Не се потребни празни зборови, туку решителна акција – од страна на Соединетите Американски Држави, Европа и Г7 – со испорака на системи за воздушна одбрана и спроведување санкции“, се наведува во пораката на Зеленски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Русија лансирала повеќе од 450 беспилотни летала и над 30 ракети за време на нападот, што предизвикало затемнување во источниот дел на Киев.
Министерството за енергетика на Украина објави дека низ целата земја „Русите вршат масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура“.
Седумгодишно дете загина синоќа, а три лица се ранети во руските напади во Запорожје во централна Украина, додека девет лица се повредени во Киев, објавија украинските власти рано утрово.






