Зеленски рече дека во Харков е погодена градинка, а имало и напади врз Киев, објави Би-би-си.
Неколку часа претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека плановите за средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта се одложени, бидејќи не сака да одржува „залудни состаноци“.
Киев синоќа беше погоден од руски ракети, за прв пат од 28 септември.






