среда, 10 декември 2025

Зеленски побара од Америка да не ја притиска Украина околу изборите: „Тоа сега не ни треба“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека разговарал со украинскиот парламент за правни и други прашања поврзани со можноста за одржување избори и ги повика другите земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, да не вршат притисок по ова прашање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски во вторникот изјави дека е подготвен да одржи избори во рок од три месеци доколку САД и другите сојузници на Киев се во можност да ја обезбедат безбедноста на гласањето.

Ова е реакција на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој посочи дека украинската влада ја користи војната како изговор за да избегне избори.

Зеленски во вечерното видео обраќање кажа дека имал „важна дискусија“ со претставници на парламентот, додавајќи дека нема да дозволи „никакви негативни шпекулации за Украина“.

„Доколку партнерите, вклучително и нашиот клучен партнер во Вашингтон, до тој степен и конкретно ги споменуваат изборите во Украина, избори во воена состојба, тогаш мора на секое прашање и секој сомнеж да дадеме одговори од украинскиот закон“, кажа тој.

„Не е лесно, но притисокот по ова прашање дефинитивно не е она што ни треба. Очекувам парламентарните претставници да ги презентираат своите ставови. Безбедносните предизвици зависат од партнерите, првенствено од Америка. Украина мора да одговори на политичките и правните предизвици. Украина ќе одговори“, кажа Зеленски.

Избори за време на војната се забранети со закон, но Зеленски, чиј мандат истече минатата година, се соочува со обновен притисок од Трамп да одржи избори. Рускиот претседател Владимир Путин долго време го нарекува Зеленски „нелегитимен“ партнер во преговорите бидејќи не се изложува на повторно гласање.

Украинскиот претседател и други функционери ја отфрлија идејата за одржување избори додека руските воздушни напади се чести низ целата земја, речиси еден милион војници се распоредени на бојното поле, а милиони Украинци се раселени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ