петок, 30 мај 2025

Зеленски по средбата со Трамп: Овој состанок може да стане историски

Претседателот на Украина Володимир Зеленски кажа денес дека со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во Рим, каде двајцата присуствуваат на погребот на папата Франциско, разговарал за „целосен и безусловен прекин на огнот“, како и за траен мир во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Добар состанок. Многу разговаравме еден на еден. Се надеваме на резултати за сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен и безусловен прекин на огнот. Сигурен и траен мир кој ќе спречи избивање нова војна“, кажа Зеленски.

Тој, во пост на социјалната мрежа Икс, додаде дека овој „симболичен состанок“ со Трамп може да стане „историски“ доколку се постигнат заедничките резултати.

Портпаролот на украинскиот претседател изјави дека Трамп и Зеленски се договориле подоцна денес да го продолжат разговорат и дека нивните тимови работат на организација на таа средба, додека од Белата куќа потврдија дека разговорот бил продуктивен.

Разговорот се случи откако САД се заканија дека ќе се откажат од своите напори за посредување за мир во Украина, и откако Трамп оваа недела го осуди коментарот на Зеленски дека Киев нема да прифати руска контрола над Крим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ