понеделник, 29 декември 2025

Зеленски: Нови средби во Киев за неколку дена, спремен сум да седнам и со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нови средби за мировните преговори треба да се одржат во Киев веќе во наредните денови, а не за неколку недели, откако вчера на Флорида разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за мировниот план.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера имав состанок со претседателот. Ми рече дека сега ќе работат нашите тимови и дека потоа ќе ме повика. Му реков – и се согласивме – дека сите наши советници ќе дојдат во Киев. Ќе ги собереме сите во наредните денови, не во наредните недели. Мораме да работиме брзо“, им рече Зеленски на новинарите.

Тој додаде дека потоа ќе следува и средба со европските лидери. „Важно е сите да бидат целосно информирани – сите што се партнери, сите што помагаат“, рече Зеленски. Зеленски порача и дека е можна нова средба со Трамп на лидерско ниво во Соединетите Држави и не исклучи ниту средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Потоа ќе направиме сѐ што е можно за да се одржи конструктивна средба во Соединетите Држави, на лидерско ниво, со американскиот претседател“, рече Зеленски, додавајќи дека за Украина нема алтернатива на мирот.

„Во Украина отсекогаш постоел План А – мир. Никогаш не сме ја посакувале оваа војна. Русија, од друга страна, имаше План А – војна. Затоа, според моето мислење, Русија веќе сега треба да размислува за План Б, односно за завршување на војната“, рече Зеленски. Запрашан за можната средба со Путин, тој нагласи дека Украина е подготвена да преговара во кој било формат. „Она што е важно е зборовите и постапките на рускиот лидер да се совпаѓаат“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ