понеделник, 6 април 2026

Зеленски: Киев ѝ предложи на Москва енергетско примирје преку американски посредници

Украина сега работи многу прецизно со Соединетите Американски Држави на документи за безбедносните гаранции, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува агенцијата Интерфакс-Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку Русија е спремна да престане да го таргетира нашиот енергетски сектор, ние ќе бидеме подготвени да го сториме истото. И овој наш предлог, кој го пренесоа Американците, ѝ е пренесен на руската страна“, кажа Зеленски.

Тој додаде дека безбедносните гаранции се клучни за вистински крај на војната и траен мир.

„Важно е нашите партнери да нè слушаат по ова прашање и да продолжиме да остваруваме продуктивен напредок во преговорите“, кажа Зеленски, додавајќи дека Украина е во контакт со Соединетите Американски Држави речиси секојдневно на различни нивоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ