недела, 29 март 2026

Зеленски кажа дека спие под слика на Кремљ во пламен, реагираше Москва

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков се осврна на информацијата дека украинскиот претседател Володимир Зеленски над својот кревет има слики, а на една е прикажан Кремљ како гори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Магазинот Тајм, кој го посетил украинскиот претседател во неговиот кабинет, опиша три слики кои висат над креветот. На една се гледа руски воен брод како тоне во Црно Море, втората прикажува украински војници како се борат на руска територија, а третата, која наводно му е најдрага на Зеленски, го прикажува Кремљ во пламен.

Песков денес реагираше на чудниот напис: „Не би го коментирал тоа. Претпоставувам дека ова на најдобар начин го илустрира степенот на духовниот развој и внатрешната состојба на оној кој позира со такви слики. Во секој случај, тоа не им служи на чест на оние кои тоа го снимаат и објавуваат, како ни на оние кои позираат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ