„Украина испрати делегација на високо ниво, која може да ги подготви потребните одлуки“, се вели во соопштението за медиумите од канцеларијата на претседателот на Украина. „За жал, Русија испрати делегација од прилично низок ранг со нејасен мандат. Подоцна ќе известиме за понатамошните чекори на Украина. Консултациите со партнерите продолжуваат.“
Зеленски претходно изјави дека Украина сериозно ќе пристапи кон преговорите само доколку на нив одговори лично рускиот претседател Владимир Путин. Наместо тоа, Москва испрати делегација во Турција, предводена од советникот на претседателот Владимир Медински. Во делегацијата се и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин и началникот на главната управа за разузнавање Игор Костјуков.
Мировните преговори во Истанбул ги иницираше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој веќе подолго време се обидува да ја преземе улогата на посредник меѓу Москва и Киев. Украинската делегација во моментов се наоѓа во Анкара, каде има средби со турскиот врв.
„Кловн и губитник коментира за угледни луѓе“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на Зеленски.