„Ви благодарам за прашањето“, рече Зеленски и повтори дека неговата земја мора да најде дипломатски начин да ја заврши војната, изразувајќи ја својата спремност да учествува на трилатерален состанок со Трамп и Путин, објави Њујорк тајмс.
Потоа Зеленски рече дека во денешниот руски напад врз Харков е убиено 18-месечно дете, нагласувајќи ја потребата од запирање на војната преку дипломатски средства.
Трамп претходно изрази увереност дека може да организира заедничка средба со Путин и Зеленски ако денешните состаноци во Белата куќа „одат добро“.
„Постои разумна шанса да се заврши војната преку таков трилатерален состанок“, рече американскиот претседател.
Тој исто така изјави дека за преговори за завршување на војната не е неопходен прекинот на огнот во Украина.
Пред почетокот на денешните разговори зад затворени врати меѓу претседателите Зеленски и Трамп во Овалната соба беше поставена голема мапа на Украина, објави дописникот на Би-би-си.
Presidents Zelensky and Trump in front of the map of Ukraine. https://t.co/mLSSM0ADRo pic.twitter.com/hEanAAxS93
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 18, 2025
Мапата беше поставена преку бирото каде што седеа Трамп и Зеленски откако новинарите беа замолени да ја напуштат просторијата. Украинските територии контролирани од Русија се означени со розова боја.






