сабота, 14 јуни 2025

Зеленски испраќа делегација во Истанбул: Нема потреба од средба со Путин ако се постигне договор

Украина ќе испрати делегација во Истанбул, предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров, за да учествува во разговорите со тим од Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по разговорите во Анкара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски, кој повика на безусловен 30-дневен прекин на огнот, на прес-конференција во Анкара изјави дека нема да оди во Истанбул за да присуствува на разговорите, откако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да не се појави и наместо тоа да испрати, како што изјави украинскиот лидер, „тим од низок ранг“, пренесува Ројтерс.

Зеленски рече дека предложената средба со Путин би можела да биде откажана доколку се постигне договор за прекин на огнот меѓу двете земји за време на техничките разговори во Истанбул.

Тој рече дека доколку Москва не покаже подготвеност да се вклучи во преговорите за прекин на огнот, другите земји треба да извршат поголем политички и економски притисок врз Русија и да воведат дополнителни санкции.

„Русија не чувствува потреба да ја прекине војната, што значи дека нема доволен политички, економски и друг притисок врз Руската Федерација“, рече тој. „И затоа бараме: ако нема прекин на огнот, ако нема сериозни одлуки… бараме соодветни санкции“.

Ердоган му рекол на Зеленски дека Турција е подготвена да му биде домаќин него и на Путин на мировни разговори „кога ќе бидат подготвени“, соопшти неговиот кабинет.

Во соопштението се вели дека Ердоган ја нагласил потребата каналите за дијалог меѓу страните да останат отворени, со оглед на „историската можност“ за започнување мировни преговори, и дека тие треба да се сретнат врз основа на нивните минимални заеднички позиции, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ