Нивниот прв разговор е десната рака на украинскиот претседател Андреј Јермак го оцени како „конструктивен“.
„лидерите договорија да ги продолжат разговорите денес. Тимовите работат на организација на продолжување на средбата“, кажа портпаролот Сергеј Никифоров.
Украинското претседателство објави фотографија од Зеленски и Трамп како седат и разговараат, и како разговараат со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.
Претходно Белата куќа и украинското претседателство одвоено соопштија дека двајцата претседатели имале кратка средба пред почетокот на погребот на папата Франциско, без дополнителни детали.
Директорот на комуникациите на Белата куќа Стивен Ченг кажа дека двајцата „денес се сретнале приватно и имале многу продуктивен разговор“, како и дека други детали ќе бидат објавени подоцна, објавува Асошиејтед прес.