вторник, 9 декември 2025

Зеленски го условува одржувањето на изборите со гарантирање на безбедноста на изборниот процес

Доколку безбедноста на изборниот процес е загарантирана додека земјата е во војна, изборите би можеле да се одржат во рок од 60 до 90 дена, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски реагираше на интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп, кој кажа дека Зеленски треба да одржи претседателски избори.

„Мислам дека е важно да се одржат избори. Тие ја користат војната како изговор да не одржат избори. Можеби Зеленски би победил. Не знам кој би победил. Но, тие немале избори долго време. Знаете, тие зборуваат за демократија, но во одреден момент, тоа веќе не е вистинска демократија“, кажа Трамп.

Тој го критикуваше украинскиот претседател за тоа што не ги проучил најновите мировни предлози. „Треба да ги прочита. На неговиот тим му се допадна предлогот. Навистина им се допадна“, додаде Трамп.

Зеленски им кажа на новинарите дека ќе побара од пратениците да подготват „предлози за можноста за промена на законската рамка и законот за избори во воена состојба“, објави парискиот весник Ле Монд.

Украинскиот претседател додаде дека веројатно утре ќе го ажурира мировниот план за решавање на конфликтот до американската администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ