четврток, 26 март 2026

Зеленски го обвини Џеј Ди Венс дека ја оправдува руската инвазија на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека „некако ја оправдува“ руската инвазија на Украина, што е негов најкритички коментар за врвен американски политичар од нивната жестока размена во Овалната соба во февруари.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за американската информативна програма 60 минути, Зеленски изјави дека некои функционери во американската влада станале жртви на руската дезинформација и дека туркаат „променета реалност“ за тоа која страна ја започнала војната, пренесува Политико.

„За жал, верувам дека руските наративи се распространети во САД“, рече тој, според преводот на Си-би-ес на неговите забелешки.

„Ова зборува за огромното влијание на руската информативна политика врз Америка, врз американската политика и американските политичари“, додаде тој.

Зеленски го издвои Венс, обвинувајќи го дека „на некој начин ги оправдувал постапките на Путин“.

„Се обидов да објаснам: Не можете да барате нешто на средина. Има агресор и има жртва. Русите се агресорот, а ние жртвата“, додаде тој, мислејќи на нивниот напнат разговор во Белата куќа во февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ