четврток, 22 јануари 2026

Зеленски е загрижен дека драмата околу Гренланд го врти вниманието на светот од Украина

Украина и Европа треба да создадат заеднички воени одбранбени сили со до три милиони војници, предложи денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот лидер го изјави ова во разговор со новинари одржан преку апликацијата Ватсап. Тој нагласи дека го отворил прашањето за заедничка армија минатата година поради заканата од Русија, која планира да има 2,5 милиони војници до 2030 година.

Во истиот разговор Зеленски кажа дека и Украина е поканета да се приклучи на таканаречениот Одбор за мир, тело предложено од американскиот претседател Доналд Трамп, што се смета за негов обид да изгради алтернатива на Обединетите нации. Во одборот веќе е поканет рускиот претседател Владимир Путин.

Украинскиот претседател кажа дека поради тоа не може да замисли да седи во исто тело со руски претставник, но додаде дека украинските дипломати сега ја разгледуваат поканата.

Зеленски денес изрази загриженост дека меѓународното внимание кон напорите за мир во Украина сега ќе биде пренасочено кон прашањето за Гренланд, автономната данска територија која Трамп сака да ја присвои.

„Загрижен сум за какво било губење на вниманието во услови на конфликтот од големи размери“, кажа украинскиот претседател, но додаде дека спорот околу Гренланд и војната во Украина не треба да се сметаат за „заменливи“ прашања, пренесува агенцијата Франс прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ