Тој истакна и дека тоа е првиот резултат на неговиот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Ватикан, одржан на маргините на погребот на папата Франциско, пренесува Ројтерс.
Зеленски кажа дека договорот отвара пат за модернизација на индустријата во Украина.
Тој веќе некое време е под притисок да покаже конкретни резултати на „додворувањето“ на Трамп, кој ја смени американската политика во правец на поддршка на рускиот наратив за војната во Украина и често го критикува украинскиот лидер, пишува Ројтерс.