четврток, 5 март 2026

Зеленски до Орбан: „Ќе им ја дадеме вашата адреса на нашите војници, да ви се јават“ (ВИДЕО)

„Тој го зголемува само својот стомак, а не армијата“, додаде украинскиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати остра и саркастична порака кон унгарскиот премиер Виктор Орбан поради неговото противење на новата финансиска помош од Европската Унија за Украина.

Говорејќи на прес-конференција во Киев, Зеленски изрази надеж дека „едно лице во Европската Унија“ нема да ја блокира помошта од 90 милијарди евра наменета за Украина.

„Се надеваме дека едно лице во Европската Унија нема да ги блокира тие 90 милијарди… Во спротивно, ќе им ја дадеме адресата на тоа лице на нашите вооружени сили, на нашите момци — нека му се јават и нека разговараат со него на својот јазик,“ изјави украинскиот претседател.

Изјавата беше сфатена како саркастична и остро интонирана реплика насочена кон Орбан, кој подолго време се спротивставува на европската воена и финансиска помош за Киев и повикува на дипломатско решение на војната.

Освен тоа, Зеленски, говорејќи за позицијата на Унгарија во врска со војната и блокирањето на финансиската поддршка од Европската Унија, го исмеа Орбан со навредлива забелешка за неговиот изглед.

„Тој го зголемува само својот стомак, а не армијата,“ изјави украинскиот претседател, алудирајќи дека унгарскиот лидер не придонесува за одбраната на Европа.

Острите зборови се дел од растечката тензија меѓу двете земји. Орбан долго време се спротивставува на испраќање оружје и воена помош за Украина и повикува на дипломатско решение на конфликтот со Русија, додека Киев бара поголема поддршка од Европската Унија.

Судирот меѓу двајцата лидери дополнително се заостри по спорот околу транзитот на руска нафта преку нафтоводот Дружба и блокирањето на европскиот пакет финансиска помош за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ