Зеленски на Телеграм ја пофали Данска и изрази жалење поради „недостигот од посветеност кај другите сојузници“, пренесува Франс прес.
„Првата испорака авиони кои ги дадоа Данците веќе соборува руски ракети, спасува наши луѓе и наша инфраструктура. Сега нашата воздухопловна одбрана е дополнително зајакната“, порача Зеленски.
„Кога сите партнери би биле толку решителни би биле во состојба да го направиме рускиот терор невозможен“, напиша украинскиот лидер.
Тој оцени и дека рускиот претседател Владимир Путин не бара „вистински мир“ и дека само гледа „со бомби, ракети и други облици на насилство да се закани на некоја земја“.
„Само со сила можеме да се спротивставиме, и само на сила може да биде воспоставен вистински мир“, заклучи Зеленски.






