недела, 14 декември 2025

Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп-Путин, вели американски амбасадор (ВИДЕО)

Американскиот абасадор во НАТО Метју Витакер синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на самитот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска во петок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Да, дефинитивно мислам дека е можно“, одговори американскиот дипломат во НАТО на прашањето на Си-ен-ен за можната посета на украинскиот претседател на Алјаска, каде што Трамп и Путин треба да се сретнат на 15 август.

„Секако не може да има договор освен ако сите вклучени страни не го потпишат. И, очигледно, апсолутен приоритет е да се стави крај на војната“, нагласи Витакер. Лидерите на Европската Унија и европските сили вчера инсистираа дека и официјален Киев треба да учествува во американско-руските преговори.

И Володимир Зеленски ги повика своите европски сојузници, вклучувајќи ги Франција, Германија и Велика Британија, кои исто така се исклучени од овие преговори, да дефинираат заеднички пристап. „Вонредниот состанок“ меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и нивниот украински колега преку видеоконференција е закажан за денес.

Но, конечно, одлуката за учеството на Зеленски во преговорите ќе ја донесе Доналд Трамп, предупреди американскиот амбасадор.

„Ако мисли дека повикувањето на Зеленски е најдоброто сценарио, тогаш ќе го стори тоа“, рече Витакер. Но, „сè уште не е донесена никаква одлука“, нагласи американскиот дипломат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ