среда, 11 јуни 2025

Зеленски: Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност не може да се сопре

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше денес до сите оние кои се за мир да извршат притисок врз Русија да ги сопре нападите на Украина, каде во бомбардирања ноќеска настрадале најмалку 12 луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност не може да се сопре. Санкциите секако ќе помогнат“, порача украинскиот претседател на социјалните мрежи.

Тој апелираше до Соединетите Американски Држави, до европските земји и до „сите оние кои се за мир“ да покажат решителност и да извршат притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја оконча војната.

Најмалку 12 луѓе загинале денес во руски воздушен напад на повеќе украински региони, неколку часа пред планираната размена на заробеници меѓу Русија и Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ