четврток, 1 јануари 2026

Зеленски бесен: „Путин му нареди на Фицо да отвори нов енергетски фронт“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс остро реагираше на потегот на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој неодамна беше во посета на рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Словачкиот премиер Роберт Фицо по посетата на Путин во Москва изјави дека неговата земја ќе разгледа реципрочни мерки против Украина, како што е прекинот на резервното снабдување со електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев, како што се очекува, го запре транзитот на руски гас во Словачка.

Словачка се обидува да ја одржи испораката на руски гас преку Украина до 2025 година, иако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва, кој истекува на крајот на годината.

„Се чини дека Путин му нареди на Фицо да отвори втор енергетски фронт против Украина на сметка на интересите на словачкиот народ. Заканите на Фицо дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија на Украина оваа зима додека Русија ги напаѓа нашите електрани и електричната мрежа може да се објаснат само на тој начин“, рече Зеленски.

„Единствената причина зошто Украина сега има потреба од увоз на електрична енергија е руската окупација на нуклеарната централа Запорожје и нејзината употреба на ракети и беспилотни летала Шахед за намерно уништување на голем дел од термалното и хидроенергетското производство во Украина“, додаде Зеленски.

„Благодарение на херојските напори на нашите енергетски работници и соработката која спасува животи со ЕУ, САД, Обединетото Кралство, Норвешка, Јапонија и другите партнери, успеавме да спречиме прекини на струја во Украина. И сега Фицо ја вовлекува Словачка во обидите на Русија да предизвика нови страдања за Украинците“, вели претседателот на Украина.

„Мораме да го потсетиме Фицо на три работи. Прво и основно, поддршката на руската агресија е целосно неморално.

Второ, кратковидната политика на Фицо веќе го лиши словачкиот народ од компензацијата за загубата на рускиот транзит на гас. Сега ризикува да ги лиши Словаците од дополнителни 200 милиони долари годишно, кои Украина ги плаќа за увезената струја. Да, овој критичен увоз не е бесплатен, а цената е значителна.

Трето, секој во Европа, вклучително и народот на Словачка, ќе смета дека е многу попрофитабилно од секоја перспектива да работи со соседите и со ЕУ за зголемување на снабдувањето на Европа со енергетски ресурси, вклучително и гас од Америка и други партнери. Само тоа може да ги намали трошоците за енергија за повеќето семејства“, рече Зеленски.

„Уделот на Словачка во увозот на електрична енергија од Украина е приближно 19%. Владата на Украина работи со нашите соседи од ЕУ за одржување на потребните количини на снабдување со електрична енергија.

Словачка е дел од единствениот европски енергетски пазар и Фицо мора да ги почитува заедничките европски правила. Сите произволни одлуки во Братислава или наредби од Москва на Фицо во врска со струјата не можат да го прекинат снабдувањето со електрична енергија за Украина, но секако можат да ги прекинат врските на сегашните словачки власти со европската заедница“, заклучи украинскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ