недела, 6 април 2025

Зеленски бара „силен одговор“ од Западот на порастот на руските напади

Претседателот на Украина Володимир Зеленски повика синоќа на „силен одговор“ од западните партнери на Украуна по порастот на руските напади, вклучувајќи воздушни напади на Харков и на градовите Дњепар и Кривој Рог.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите партнери треба јасно да разберат: овие напади не се само напади на украински цели, туку и на сите меѓународни напори – на самата дипломаитја која се обидуваме да ја искористиме за да се оконча оваа војна“, кажа Зеленски.

Украинскиот претседател кажа дека „Русија напаѓа на позициите на сите кои сакаат да заврши оваа војна“, додавајќи дека е „невозможно да се игнорираат стотиците ирански дронови кои Русија ги лансира секоја ноќ.

„Очекуваме одговор – сериозен. Работиме на одговорот. Силен одговор е итно потребен – пред сè од САД, Европа, сите во светот кои се надеваа на дипломатијата. Русија мора да биде присилена на мир – само притисок ќе функционира“, додаде тој.

Зеленски оцени дека „предолго“ американскиот предлог за безусловен прекин на огнот бил на маса „без соодветен одговор на Русија“.

„Тоа многу кажува“, оцени тој.

Изјавата на Зеленски доаѓа по 24-часовен период на интензивирање на смртоносните напади на руските сили, јавува украинскиот сервис на Радио слободна Европа.

Украинскиот генералштаб доцна синоќа соопшти дека „руските терористи нападнале воена болница во градот Харков“ со беспилотни летала.

„За време ан напад со беспилотно летало „шахед“ оштетена е зградата на болницата и близок станбен објект. Според првичните податоци, има повредени меѓу војниците кои се згрижени“, соопшти командата на украинската војска.

Градоначалникот на Харков Игор Терехов кажа дека најмалку две лица загинале.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили зазеле села во јужниот регион Запорожје и во источниот регион Доњецк. Извештаите не можат да бидат потврдени.

Вашингтон пост извести дека администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ја поништила одлуката за укинување на американската иницијатива која ги документира наводните руски воени злосторства.

Весникот наведува, повикувајќи се на извори запознаени со тоа прашање, дека иницијативата на Опсерваторијата за конфликти следела масовна депортација на украински деца на територии под руска контрола користејќи сателитски снимки, биометриски податоци и други форензички алатки, што довело до повеќе кривични предмети, вклучувајќи го обвинението против рускиот претседател Владимир Путин пред Меѓународниот кривичен суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ