сабота, 13 декември 2025

Зеленски: Американците сакаат да бидат посредници и да им покажат на Русите дека се во средина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „Американците сакаат да им покажат на Русите дека се во средина“ и дека американскиот тим не го крие фактот дека сака да биде посредник, а не да застане на една од завојуваните страни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Им рековме, добро, ако не сте на наша страна, тогаш барем останете на средина. Значи, ако Русите не го прифатат целосниот прекин на огнот што го предложивте, сакаме да видиме дополнителни санкции. Тие не мора да важат долго, исто како што не траеше замрзнувањето на помошта во нашиот случај. Навистина очекуваме американската страна да ги преземе овие чекори“, рече Зеленски во интервју за Тајм.

Тој зборуваше и за способноста на украинската војска да издржи без помош на европските и американските сојузници и рече дека се зависи од способноста на Киев да ротира војници.

„Ако има прекин на огнот, некаква пауза, колку може да издржи војската? Колку што е потребно. Но, им треба одмор, ротација, резерви, плати…“, нагласи Зеленски.

Тој додаде дека украинската војска во моментов е три пати поголема отколку што била во време на мир и дека буџетот на Украина не е доволен за нејзино финансирање.

„Мора да има посебни програми. Европа треба да го финансира тоа. Идеално Европа и Америка. Но, во сегашните околности, повеќе би се потпирал на Европа. Тие навистина веруваат, а тоа е факт, дека нашата војска е дел од безбедноста на цела Европа“, рече Зеленски.

Тој исто така додаде дека е важно да се постигне договор што „ќе ја обедини државата, а не да ја подели“ и дека тоа мора да биде договор за праведен мир.

Зеленски не ја исклучи можноста следната фаза за Украина да биде принуден мир или да биде „понижувачки“.

„Ако Украина, не дај Боже, биде оставена сама на себе, и ако нашите партнери, од која било причина, не се наши партнери, тогаш Украина ќе падне во депресија. Се бореше за сите нив и заврши сама“, нагласи Зеленски.

Тој рече и дека не верува дека тоа ќе се случи и дека тоа би било предавство на украинските партнери.

„Шансите за тоа се практично нула“, заклучи Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ