среда, 25 март 2026

Зеленски: Американците би ни дале безбедносни гаранции ако се повлечеме од Донбас

Соединетите Американски Држави понудија своите безбедносни гаранции потребни за мировен договор во Украина под услов Киев да го предаде источниот регион Донбас на Русија, изјави денес претседателот Володимир Зеленски во интервју за Ројтерс. Додека Вашингтон во моментов е фокусиран на сопствениот конфликт со Иран, претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Украина во обид брзо да ја заврши војната кој трае од руската инвазија во 2022 година, рече Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Блискиот Исток секако влијае на претседателот Трамп и, мислам, на неговите следни чекори. Претседателот Трамп, за жал, според мене, продолжува да ја избира стратегија за вршење поголем притисок врз украинската страна“, изјави тој за Ројтерс. Украинскиот лидер постојано повторува дека се потребни силни безбедносни гаранции од меѓународните партнери за да се осигури дека Русија нема да ги обнови непријателствата во иднина, доколку се постигне мировен договор.

„Американците се подготвени да ги финализираат тие гаранции на високо ниво откако Украина ќе биде подготвена да се повлече од Донбас“, нагласи тој, предупредувајќи дека таквото повлекување би ја загрозило безбедноста и на Украина и на Европа, бидејќи би ѝ предало силни одбранбени позиции на Русија.

Белата куќа сè уште не одговорила на барањето за коментар. Во јануари Зеленски кажа дека документот за безбедносни гаранции меѓу Украина и САД е „100 проценти готов“ и чека потпишување. Потоа, вчера, по разговорите меѓу американските и украинските претставници во Мајами, тој кажа дека сè уште има работа што треба да се направи.

Зборувајќи во претседателскиот комплекс во центарот на Киев, Зеленски кажа дека Русија, која доследно ја бара целата територија на Донбас е убедена дека Вашингтон ќе го изгуби интересот за разговори и ќе се откаже.

Русија напредува бавно на бојното поле во источна Украина, според Ројтерс, додавајќи дека воените аналитичари велат дека може да бидат потребни неколку години и значителна количество човечка сила за целосно освојување на областа.

По силното руско бомбардирање на украинските градови, Зеленски ѝ се заблагодари на администрацијата на Трамп за одржување на залихите муниција за системот за противракетна одбрана „патриот“, и покрај зголемената побарувачка за оружјето поради конфликтот во Заливот.

Украинските власти претходно изразија страв дека пратките на американските „патриот“, единствените ракети способни да соборат руски балистички ракети, ќе се намалат поради конфликтот со Иран, но Зеленски вели дека немало прекин на пратките.

„Многу сум благодарен на претседателот Трамп и неговиот тим“, кажа Зеленски. „Но, оваа залиха на ракети „патриот“ не е толку голема колку што ни е потребна“, додаде тој. Украина постигна напредок во производството на сопствени ракети со долг дострел и беспилотни летала, што ѝ овозможува да напаѓа длабоко во Русија како одмазда за руското бомбардирање на украинските градови, нагласи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ