понеделник, 15 декември 2025

Завршија разговорите Русија-Украина, договарани размени на заробеници

Сите хуманитарни договори се исполнети, изјави Владимир Медински.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, им рече денеска на новинарите главниот преговарач на Москва, Владимир Медински по завршувањето на третата рунда директни мировни преговори со Украина во Турција.

Русија понуди да предаде уште 3.000 тела на паднати украински војници, рече Медински.

Останките ќе бидат вратени преку Црвениот крст откако Киев ќе потврди дека е спремен да ги прими, додаде тој.

Медински, исто така, рече дека Москва предложила нова размена на затвореници што вклучува најмалку 1.200 воени заробеници од секоја страна.

Освен тоа, Русија предложила одржување прекин на огнот во траење од 24 или 48 часа за да се овозможи евакуација на ранетите војници и извлекување на телата од бојното поле.

Според Медински, Москва ја повикала Украина да формираат три онлајн-работни групи – кои ќе опфаќаат политички, хуманитарни и воени прашања – за да продолжат со дискусиите. Киев се согласил да го разгледа предлогот на Русија за работните групи, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ