недела, 14 декември 2025

Затворите во Италија се преполни, се разгледува опцијата за ослободување на 10.000 затвореници

Италија би можела да ослободи околу 10 илјади затвореници, или 15 проценти од вкупниот број, со цел да се реши проблемот со пренатрупаноста на затворите, објави Министерството за правда. Министерството доцна вчера соопшти дека 10.105 затвореници се „потенцијално подобни“ за алтернативни мерки, како што се домашен притвор или условна казна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката би се однесувала на оние чии казни се конечни и повеќе не можат да се обжалат, на оние кои имаат помалку од две години да отслужат и не ги прекршиле дисциплинските мерки во последните 12 месеци.

Нема да се однесува на оние кои се во затвор за тероризам, организиран криминал, силување, шверц на мигранти и киднапирање, додаде министерството.

Според базата на податоци „Ворлд призон бриф“, Италија има еден од најпреполните затворски системи во Европа, со зафатеност од 122 проценти. Во Европа, само Кипар, Франција и Турција се повисоко рангирани, според таа база на податоци.

Тешката состојба на затворениците во Италија го привлече вниманието на јавноста по зголемувањето на бројот на самоубиства и поплаките за високите летни температури во притворските установи без климатизација.

И покрај ова, предвременото ослободување на затворениците е политички чувствителен потег, па затоа министерството нагласува дека тоа нема да се случи преку ноќ.

Институцијата соопшти дека формирала работна група за соработка со затворите и судиите за условна слобода за да се олесни донесувањето одлуки за поединечни случаи. Тоа тело ќе се состанува еднаш неделно и ќе поднесува извештаи за својата работа до септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ