петок, 3 април 2026

Заливските држави бараат дозвола од Обединетите нации за со сила да го ослободат Ормускиот теснец за пловидба

Генералниот секретар на Советот за соработка на државите од Заливот Џасем Ал Будаиви вчера го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да одобри употреба на сила за ослободување на Ормускиот теснец за пловидба, пренесе парискиот весник Ле Монд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го повикуваме Советот за безбедност на ОН да ја преземе целосната одговорност и да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на поморските коридори и обезбедување безбеден продолжеток на меѓународната пловидба“, рече Ал Будаиви на состанокот на Советот за соработка на државите од Заливот, чии членки се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Катар, Кувајт и Оман.

Петнаесетте членки на Советот за безбедност на ОН веќе десет дена расправаат за нацрт-резолуција предложена од Бахреин.

Нацртот бара една држава или коалиција на држави да биде овластена „со сите неопходни средства“ да обезбеди слободна пловидба низ Ормускиот теснец, кој е парализиран од 28 февруари поради војната меѓу САД и Израел против Иран и неговиот воен одговор.

Иран практично го затвори теснецот низ кој поминува една петтина од вкупната светска потрошувачка на нафта. Повторното отворање на тој пловен пат стана приоритет за владите низ светот поради наглиот раст на цените на нафтата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ