петок, 30 мај 2025

Захарова: Зеленски директно им се закани на светските лидери, тоа е терористички режим

Изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за отфрлање на прекинот на огнот за време на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на победата претставуваат директна закана за лидерите на странските земји кои ќе дојдат на парадата во Москва, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за руската државна новинска агенција ТАСС.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Таа нагласи дека Зеленски „недвосмислено им се заканил на светските лидери“.

„По секој терористички напад на територијата на Русија, режимот во Киев, неговите безбедносни служби и лично Зеленски се фалат дека се одговорни за тоа и дека ова ќе продолжи. Затоа, изјавата дека „не ја гарантира безбедноста на 9 мај во Русија“ затоа што наводно не е во нејзина јурисдикција е, секако, директна закана“, изјави Захарова.

Според неа, коментарите на Зеленски дополнително ја откриваат, како што рече, „неонацистичката природа на режимот во Киев, кој стана терористичка ќелија“.

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, во објава на социјалните мрежи му се закани на Киев во случај на „провокација“ на Денот на победата, кога ќе се одржи воена парада во Москва.

„Ова ѓубре разбира дека, во случај на вистинска провокација на Денот на победата, никој не гарантира дека Киев ќе го дочека 10 мај“, напиша Медведев.

Изјавата доаѓа откако Зеленски, во разговор со новинарите на Франс прес, изјави дека Украина не може да преземе одговорност за безбедноста на странските лидери кои доаѓаат во Москва на 9 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ