вторник, 23 декември 2025

Захарова за изјавите од Брисел за Гренланд: Дали тоа ЕУ одбива да го признае Косово?

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, ја коментираше изјавата на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, која го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за неговите ставови за Гренланд. Цитирајќи ја таа одбрана на Гренланд од САД, Захарова посочи дека истото мерило мора да важи и кога станува збор за Косово и Метохија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваме да изразуваме солидарност со Данска и Гренланд. Гренланд е автономна територија во рамките на Кралството Данска. Сите промени на овој статус можат да ги одлучат само жителите на Гренланд и Данците. Очекуваме сите наши партнери да го почитуваат нивниот суверенитет и територијален интегритет и да се придржуваат кон своите меѓународни обврски, особено оние кои се загарантирани во Повелбите на ОН и НАТО“, ја цитираше Захарова изјавата на Каја Калас.

Захарова потоа додаде дека „оваа изјава ја сметаме за одбивање од страна на Европската Унија да ја признае „независноста“ на Косово“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ