петок, 16 мај 2025

Захарова: Севернокорејски војници ни помогнаа во ослободувањето на Курск

Севернокорејски војници учествуваа во операцијата за ослободување на Курската област во согласност со четвртиот член на договорот за сеопфатно стратегиско партнерство потпишан во јуни 2024, порача портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Севернокорејски војници учествуваа во операцијата за ослободување на пограничната област во согласност со членот 4 од сеопфатното стратегиско партнерство потпишано во јуни 2024. Солидарноста која ја покажаа нашите севернокорејски пријатели е манифестација на високото, вистински сојузничко ниво на нашите односи. Уверени сме дека нашите односи ќе продолжат да се развиваат и јакнат во иднина“, кажа таа.

Рускиот претседател Владимир Путин објави вчера дека Русија целосно ја ослободила Курската област. Веста за целосното ослободување на Курск на Путин му го соопштил началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов, според руската државна новинска агенција ТАСС.

Украинскиот упад во Курск, кој почна на 6 август 2024, претставуваше очајнички напад на украинските сили на руска територија во обид да се искористат окупираните територии во случај на евентуална размена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ