петок, 19 декември 2025

Захарова: САД се во тешка ситуација, луѓето во Лос Анџелес буквално умираат на улиците

Американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа со мисија да ја спаси Америка, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за државната руска новинска агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Захарова направи паралела со поранешниот американски претседател Барак Обама.

„Го видовме Обама, кој ја доби Нобеловата награда за ништо. Или поточно, само за да не западне во спиралата на некаков светски конфликт. Не знам дали сфатија дека тој не ги разбира светските работи и ќе се вмеша во нешто, или превентивно решија да го скротат тој змеј“, рече таа.

„И еве го гледаме политичарот (Трамп) кој дојде да ја спаси Америка. Тоа е неговата главна задача. Тој не дојде да ја спаси вселената, не дојде да го спаси светот, дојде да ја спаси Америка“, додаде таа.

Таа кажа дека ситуацијата во Соединетите Држави е „благо речено, тешка“.

„Само погледнете ја големината на националниот долг, а да не зборуваме ни за внатрешната ситуација. Мислев дека вакви сцени има само во Филаделфија, во Детроит. А вчера испратија видео од Лос Анџелес, гледав, луѓето едноставно умираат на улиците. Ова не е хипербола, вистина е“, продолжи Захарова.

Захарова кажа дека Трамп, и покрај неговиот фокус на домашните проблеми, посветува значително внимание на ситуацијата околу Украина.

Таа додаде дека денес „дури и зборувањето за мир стана чин на храброст откако многумина беа казнети за тоа со санкции, бришења, откажувања и обиди за физичко уништување“, заклучи портпаролката на руското министерство за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ