недела, 13 јули 2025

Захарова: Притисоците на Западот се залудни, прашањето на Косово за Србија е егзистенцијално

Додека претставниците на Приштина го саботираат спроведувањето на сопствените обврски, Западот се прави слеп, ја притиска и уценува Србија, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе ве потсетам дека таканаречената Република Косово, да го ставиме во наводници, со својата квази-независност, е дете на Западот, плод на варварската агресија на НАТО во 1999 година, и дека Соединетите Американски Држави одиграа клучна улога во сето ова“, рече Захарова.

Како што додаде таа, администрациите и лидерите беа други, но „државата се викаше така“.

„Денес, гледаме како спонзорите на тој проект, со лицето на Вашингтон, Брисел, се занимаваат со легализација на одвојувањето на таа древна српска земја од Србија, тие се потчинети на (косовскиот премиер Аљбин) Курти во сите негови идеи, ги затвораат очите пред отворената саботажа, извршена од претставници на Приштина, на сопствените обврски. Пред сè, тоа е формирањето на Заедницата на српски општини на Косово и Метохија. Сето ова беше договорено и потврдено на меѓународно ниво“, истакна таа на редовната прес-конференција.

Во исто време, забележа Захарова, тие „вез пардон“ вршат притисок врз Белград, му се закануваат и го уценуваат, иако одамна покажа дека е способен за договор и има искрени намери.

Ставот на Србија за непризнавањето на таканареченото Косово и неуспехот да ѝ се даде место на Приштина во ОН не му се допаѓа на Западот и не му одговара, додаде таа.

„Ми се чини дека вршењето притисок врз Белград е бескорисно во оваа смисла, бидејќи веројатно не разбираат целосно. Мислат дека ќе го променат политичкиот пристап на Србија, влијаејќи на раководството, на политичарите на некој начин. Не разбираат дека за Србија ова не е политички пристап, туку егзистенцијално прашање. Тоа е суштината, културниот код, историјата, она што го формира тој народ, историски“, кажа руската функционерка.

Затоа не треба да се обидуваме да вршиме притисок врз Белград, заклучи Захарова. Според неа, ако треба да се дејствува врз некого, тогаш тоа се штитениците на Западот, претставниците на Приштина.

Улогата на меѓународната заедница, според неа, треба да биде да им помогне на Белград и Приштина да постигнат меѓусебно прифатливи договори. Тука, како што наведува, има нешто на што треба да се работи. Тоа што е предвидено во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Овој документ претставува основа за регулирање на ситуацијата и затоа, додаде таа, треба да се потпреме на него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ