среда, 18 март 2026

Захарова: Ова не е Студена војна, тука веќе има оган

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова порача дека нема Студена војна со Западот, туку дека тоа сега е конфликт со оган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа кажа дека Европската Унија и НАТО лажат за операциите за саботажа на Москва за да ги оправдаат огромни воени трошоци. Конфликтот во Украина, најголемиот во Европа од Втората светска војна, предизвика најголема ескалација на тензиите меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

„Не би се согласила со споредбата со Студената војна“, кажа Захарова пред новинарите кога беше прашана дали се случува нова Студена војна со „ѕидот против дронови“ сличен на „Железната завеса“ што се гради во Европа.

„Сега сме во конфликт од поинаква форма. Долго време немало студ овде, туку веќе има оган овде“, предупреди Захарова.

На прашањето за европските обвинувања дека Русија навлегла во воздушниот простор на земјите од НАТО, извршила саботажи и хакирала клучни инсталации, Захарова одговори дека овие неосновани обвинувања покажуваат дека ЕУ и НАТО подготвуваат „провокации“ против Москва.

„Сите нивни изјави укажуваат дека подготвуваат низа провокации и дека треба да ги оправдаат своите воени буџети“, заклучи Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ