недела, 14 декември 2025

Захарова: Одлуката на Брисел е самоубиство

Политиката на Европската Унија за ограничување на увозот на руска енергија е самодеструктивна, а повиците на американскиот лидер да престане да купува руска нафта се исклучиво во интерес на Соединетите Американски Држави, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со години Брисел доследно ја спроведува својата политика на ограничување на увозот на руска енергија, што е разорно за економиите на земјите членки на ЕУ. Верувам дека ова е вистинско автодеструктивно однесување. Знаете, тоа е самоубиство“, кажа Захарова, зборувајќи за аспирациите на ЕУ целосно да се откаже од руските енергетски ресурси.

Европската комисија, според Захарова, сфатила дека под маската на пазарните методи, нема да може целосно да ја елиминира руската енергија од европскиот пазар и затоа одлучила да дејствува преку „директиви, преку законодавство, принудувајќи ги земјите членки да престанат да купуваат руски суровини“.

„Верувам дека оние што го осмислија, организираа и основаа Европскиот економски совет не можеа ни да замислат во што ќе дегенерира оваа структура. Кога ја започнаа оваа економска операција во Западна Европа, добивајќи база на ресурси од Советскиот Сојуз, основачите несомнено замислуваа сосема поинаква цел за нивната структура од она во што ја трансформираа оние на кои не им беше грижа за европскиот просперитет“, заклучи руската функционерка.

Зборувајќи за повиците на американскиот претседател Доналд Трамп до Европа да престане да купува руска нафта, Захарова изјави дека тие ги претставуваат исклучиво интересите на Соединетите Американски Држави.

„Кога претседателот Трамп дојде на власт, тој не вети дека ќе ја направи Европа богата, не вети дека ќе ја направи Европа голема, не вети дека ќе ја врати величината, просперитетот и богатството на Европа. Тој го кажа сето ова во контекст на неговата земја – Соединетите Американски Држави. Затоа, тој ќе ја искористи секоја можност да го потисне својот конкурент во оваа трка“, објасни таа.

Захарова објасни дека Вашингтон со тоа ќе го прошири извозот на нафта во ЕУ и во исто време ќе ја ослабне европската индустрија.

„Зошто Брисел реагира на овој начин? Веројатно таму има американски послушници, кои си ги полнат џебовите. Како Урсула фон дер Лаен, на која не ѝ е гајле што се случува со земјите од ЕУ. Таа сигурно не им служи на интересите на луѓето што ја избрале“, забележа Захарова.

Таа истакна дека Русија ќе продолжи да води независна надворешна политика и да развива соработка со пријателски земји, користејќи ја оваа ситуација во своја корист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ