„Многу е кажано за страшните настани од 1999 година, а од минута во минута е анализирана хронологијата на инвазијата на западната коалиција, а последиците се внимателно документирани. Но, тоа не значи дека со времето масакрот во Југославија бледнее во сеќавањето или ја губи својата грозна симболика. Колку и да повикуваат НАТО сојузниците да се заборави минатото и да се сврти „страницата“, во српскиот народ е живо сеќавањето на таа крвава пролет“, кажа Захарова.
Како што истакна, „хуманитарната интервенција“ на НАТО е пример за современо варварство и на неоснованата вера во сопствената супериорност.
Според неа, и пред нападот на Сојузна Република Југославија, западната пропаганда била развиена до максимум за Србите да се чувствуваат виновни, за бомбардирањето да го сфатат како „заслужена лекција“.
„Алијансата сето тоа го претстави демек, со муницијата со осиромашен ураниум, на Балканот ги носи вредностите на слободата и демократијата. Ваквиот став и понатаму преовладува на Западот, каде илјадите убиени југословенски цивили, вклучувајќи 89 деца, цинично ги нарекува „колатерална штета““, потсети таа.
Захарова истакна дека треба да се потсети на резултатите на минатогодишната студија за ставовите кон НАТО агресијата во денешна Србија, претставени во монографијата „Долгиот одек на 1999 година“, каде повеќе од 75 отсто анкетирани сметаат дека Вашингтон и Брисел не ја искупиле својата вина пред Србите.
„Јавноста е едногласна во објаснувањето на мотивацијата на Северноатлантската алијанса: со воена кампања да добие упориште на Балканот, да го заземе таканаречено Косово и да го претвори во американска колонија. За тоа да го постигне, Западот ги стави терористите на таканаречена ОВК во негова служба, ги вооружи и опреми, му додели на регионот квазидржавен статус, а зад кулисите поттикнуваше етничко чистење на автохтоното српско население“, укажа Захарова.
НАТО „никогаш нема да го испере срамот на воените злосторства“, вклучувајќи го уништувањето на станбените населби, болниците, училиштата, мостовите, патничкиот сообраќај и бегалските колони, додаде Захарова.
„Секогаш ќе бидеме солидарни со нашите српски браќа во чувањето на сеќавањето на жртвите на трагедијата од 1999 година и спречувањето на обидите историјата на југословенската криза да се прекрои на србофобичен западен начин“, заклучи портпаролката на руската дипломатија.






