Станува збор за третиот самит на таканаречената „коалиција на волните“, која би ја сочинувале земји подготвени да дадат безбедносни гаранции во случај на прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
Велика Британија и Франција подготвуваат воена интервенција во Украина под изговор на мировна мисија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Ваквиот потег, предупредува таа, може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и Северноатлантската алијанса (НАТО).
„Русија цврсто се противи на испраќање мировни мисии во Украина, бидејќи тоа со себе носи сериозен ризик од директна конфронтација меѓу Русија и НАТО“, рече Захарова на редовниот брифинг за медиумите.
Во изјава за државната новинска агенција ТАСС, Захарова додаде дека Британија се обидува да ја испровоцира Европската Унија на „крвопролевање“ со Русија.
Нивниот „златен сон“, рече таа, е „да ги обединат европските држави и да ги приклучат на англо-саксонската коалиција“.






