недела, 13 јули 2025

Захарова му одговори на Мерц: Ти си потомок на нацисти

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја коментираше изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за конфликтот меѓу Иран и Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мерц во интервју за јавната телевизија ЗДФ изјави дека Израел ја врши „валканата работа“ за целиот Запад со напаѓање на Иран, додавајќи дека целосно го почитува Израел за неговата храброст да го направи тоа.

Тој исто така нагласи дека би било добро ако дојде крај на иранскиот режим. „Имаме работа со терористички режим, и внатре и надвор. Би било добро ако му дојде крајот на иранскиот режим“, рече германскиот лидер.

„Мерц за конфликтот на Блискиот Исток рече: Ова е валкана работа што Израел ја прави за сите нас. Најстрашната фраза што некогаш сум ја слушнала. Ова го кажува потомок на нацисти, чиј дедо, Јозеф Пол Совињи, додека беше градоначалник на Брилон за време на Третиот рајх, именуваше улици по Хитлер и Гебелс“, му одговори Захарова на Телеграм.

Таа забележа дека и Јоаким Мерц, таткото на сегашниот германски канцелар, како член на Вермахтот се борел против Црвена армија. „Истата Црвена армија што ги спаси затворениците од концентрационите логори од она што подоцна ќе се нарече Холокауст“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ