понеделник, 15 декември 2025

Захарова: Курти со премолчена согласност на ЕУ спроведува антисрпска политика, прашањето да се врати во ОН

Приштинскиот режим постојано ја крши Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и спроведува антисрпска репресија во Косово и Метохија, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата во четвртокот Захарова потсети дека албанските власти во Косово и Метохија нелегално се обидуваат да ги спречат Србите да учествуваат на претстојните локални избори, како последен во низата потези на Приштина кон „антисрпски етнички инженеринг“.

„Проблемот со Косово мора да се врати во меѓународната правна рамка со водечка улога на Советот за безбедност на ОН. Во спротивно, одржливо и праведно решение е невозможно, а ризиците од лизгање на ситуацијата во нов конфликт се зголемуваат многукратно“, истакна таа.

„Премиерот Аљбин Курти ја доживува пасивноста на Европската Унија како премолчено одобрување на нејзината агресивна политика и намерно го саботира назначувањето на српски потпретседател во парламентот на таканареченото Косово“, додаде Захарова.

„Се прават подготовки за заземање на српските образовни и медицински институции лоцирани во покраината, а се спроведуваат и казнени рации против органите на српската самоуправа. Продолжуваат нападите врз православните свети места“, заедно со искоренувањето на српските заедници и на север и на југ од покраината, истакна Захарова.

Таа, исто така, посочи на заканувачките потези на Приштина, од зголемување на буџетот на локалните „безбедносни сили“, купување оружје на НАТО и производство на муниција и беспилотни летала, до создавање заедничка воена единица со Албанија. Сето ова има за цел создавање „косовска армија“, што „во суштина ја крши Резолуцијата 1244“, потсети Захарова.

Додека Захарова зборува за проблемите на Србите во Косово и Метохија, од терен, од Косовска Митровица, доаѓаат вести дека претставници на Приштина продолжуваат да заземаат српски имот – денес цел била зградата на Фондот за пензиско осигурување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ