недела, 7 декември 2025

Захарова: Европа ги нарушува сите мировни иницијативи за решавање на конфликтот во Украина

Европската Унија посегнува по активни обиди на саботажа пред средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, обидувајќи се да го наруши мировниот процес за конфликтот во Украина, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското министерство за надворешни работи, во интервју за ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европската Унија и агресивната западноевропска заедница посегнаа по активни субверзивни акции, како што навикнавме од нив. Повторно почнаа да даваат некои изјави, повторно почнаа речиси да се закануваат и така натаму“, кажа Захарова.

Таа додаде дека Москва разбира што сака да направи западноевропската заедница, поттикната од претходните ставови на американските ултралиберали.

„Секако, тие сакаат да ги нарушат сите мировни аспирации, од разговори за мировни преговори до конкретни акции“, кажа руската претставничка.

Според неа, очигледно е дека тие прават сè што можат за да го ескалираат конфликтот, исто како што направија во 2022 година, нарушувајќи ги мировните преговори кои ги бараше режимот во Киев а ги овозможи Русија.

Како што истакнува таа, тие го прават ова сите овие години, периодично „камуфлирајќи ја својата позиција со изјави за наводен мир“.

„Тие всушност прават сè што можат за да ја ескалираат ситуацијата. Тешко е да се каже колку разбираат што прават, со оглед на тоа колку непрофесионалци се на чело на сите западноевропски земји, кои не се професионалци ниту по образование, ниту по искуство, ниту по професија“, оцени Захарова.

Путин во четвртокот имаше телефонски разговор со американскиот лидер. Двајцата разговарале, меѓу другото, за ситуацијата околу Украина. По разговорот, Трамп ја објави својата намера да се сретне лично со Путин во Будимпешта.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потоа изјави дека е можно средбата меѓу двајцата лидери да се одржи во следните две недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ