Предоју (56) е актуелен министер за внатрешни работи и привремен претседател на либералната партија ПНЛ. Тој беше министер за правда и привремен шеф на владата во 2012 година.
Чолаку во понеделникот вечерта рече дека поднел оставка, еден ден откако екстремната десница извојува убедлива победа во првиот круг од претседателските избори и го порази кандидатот поддржан од неговата влада.
„Со оглед на резултатите од гласањето, коалицијата формирана со либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет“, изјави синоќа Чолаку за новинарите по состанокот на неговата партија во Букурешт.
По парламентарните избори одржани во декември, Чолаку (57) остана на чело на владата според договорот што требаше да го спречи доаѓањето на екстремната десница на власт и претставувањето заеднички кандидат за претседателските избори.
Сепак, владиниот кандидат Крин Антонеску беше трет во првиот круг од претседателските избори и беше елиминиран од трката.
Кандидатот на крајната десница Џорџе Симион излезе на првото место во првиот круг од претседателските избори со 40,9 отсто од гласовите, пред центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никосор Дан, кој доби 20,9 отсто.