среда, 30 јули 2025

Вулканот на Исланд повторно се буди: илјадници луѓе се принудени да ги напуштат домовите (ВИДЕО)

Исландскиот рибарски град Гриндавик на полуостровот Рејкјанес ќе биде повторно евакуиран поради обновувањето на вулканската активност во таа област, соопштија локалните власти.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува сите 4.000 жители да го напуштат Гриндавик до понеделник вечер, по што ќе им биде забрането враќање во градот во следните три недели, соопшти полицијата.

Подрачјето во близина на активниот вулкан и понатаму се смета за опасно по ноемврискиот земјотрес, со зголемен ризик од вулкански ерупции, според проценката на ризикот на експертите за цивилна одбрана.

Непосредно пред Божиќ се случи четвртата ерупција за три години во близина на Гриндавик, кој се наоѓа југозападно од главниот град Рејкјавик.

Градот веќе беше евакуиран поради низата земјотреси претходните недели кои предизвикаа голема штета, вклучувајќи длабоки пукнатини на улиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ