понеделник, 29 декември 2025

Вучиќ: Западот ќе бара да бидеме сè појасно определени против Русите

Американците и Западот ќе бараат од нас да бидеме сè појасно определени против Русите, наше е да го зачуваме мирот, да не влегуваме во конфликти со никого, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Време е да ги заштитиме нашите деца, да туркаме економски напред“, додаде тој како гостин во емисијата Хит твит на телевизијата Пинк.

Зборувајќи за ситуацијата околу Нафтената индустрија на Србија, Вучиќ изјави дека Србија е под најтежок притисок и дека дискусиите за решавање на проблемот со НИС се тешки и кажа дека 15 јануари ќе биде пресекот, кога државата ќе си ја заврши работата.

„Бевме подготвени да го платиме НИС по цената што ја кажаа Русите. Не знам зошто не сакаат да ни го продадат, имам мои две теории, но нема да зборувам за тоа јавно бидејќи тоа ќе ги наруши односите со една сила“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека не може за ништо да ги обвини Русите.

„И она што е важно е да покажеме почит кон нив бидејќи тие не се виновни за санкциите кои ги воведоа другите. Продавајте на кого сакате, а знам дека никогаш не би продале. Правете го тоа што треба да го правите“, кажа Вучиќ.

Како што додаде, рафинеријата ѝ е потребна на Србија, резервите во моментов се трошат, а ситуацијата ќе треба да се реши до 15 јануари. Вучиќ изјави дека по Нова година ќе бидат воведени секундарни санкции.

Истакна дека е бајка тоа што некои велат дека МОЛ како партнер на НИС би ја затворил Рафинеријата во Панчево.

„Рафинеријата е срцето на нашиот систем, без рафинеријата физички не можеме да увеземе доволно нафта и деривати. Нашиот проблем е да не ни воведат секундарни санкции, а ќе ги воведат после Нова година, можеби и порано, но имаме проблем затоа што не можеме да увезуваме 6.000 тони дизел на дневна основа. Ни треба рафинерија што е можно поскоро, бидејќи сега ги трошиме резервите“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ