Како што е објавено, со барањето стигнала и бизнис понуда, која треба „да им овозможи на Американците да ја отстранат НИС од листата на санкционирани компании“. Една од понудените опции е во иднина српската рафинерија да купува и преработува само американска нафта.
„Информацијата е точна, но не знам дали Американците ќе ја прифатат. Не верувам дека Американците бараат финансиски интерес, тука има поголема игра. Жалам што Русите не пронајдоа магична формула за решавање на ова. Се плашам дека мојот нос е добар во препознавањето тешка ситуација“, кажа српскиот претседателот, потврдувајќи дека е вистина дека Русите им понудиле на Американците еден процент од акциите на НИС.
Тој најави дека ќе има „многу важна билатерална средба со генералниот секретар на НАТО Марк Руте“, во Копенхаген, и дека темите се движат од Косово и Метохија до ситуацијата во регионот и сите други прашања.
„Доминираше темата за Украина, Украина и Украина и значајната поддршка за Украина. Зеленски беше особено критичен кон Унгарија“, кажа Вучиќ.
Тој додаде дека се зборувало и за ставот на Белгија, која одби да го заплени рускиот имот.






