Тој на конференцијата за новинарите, без да прецизира на кого мисли, кажа дека бил загрижен кога во ЕП велат „дека имаат релевантни извори кои тврдат дека во Србија е користен звучен топ“.
Тој додаде и дека видел „дека ним им пречи Чациленд (кампот на неговите поддржувачи во центарот на Белград)“ и истакна дека „тогаш сè е јасно“.
„Тие ја осудија употребата на звучен топ кој го немаше. Докажете дека имало звучен топ и тогаш јас повеќе не сум претседател на Србија. Како и приказната за убиеното момче во Ваљево и студентката (наводно претепана во полициската станица)“, кажа Вучиќ.






