недела, 7 декември 2025

Вучиќ ја обвини опозицијата за насилство на локалните избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Српската напредна партија (СНС) успеала да победи на локалните избори во Сечње, Мионица и Неготин „и покрај една година терор и невозможни услови“ за што ги обвини претставниците на опозицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никогаш не сум задоволен (од резултатите од изборите) и секогаш барам повеќе. А ним (на опозицијата) им е сè лесно. Ќе донесат тепачи и ветерани, ќе тепаат луѓе по барови… Што друго прават – ништо! И тие секогаш се морални победници. Само вие победувајте така, а ние ќе го направиме тоа вака“, им кажа Вучиќ на новинарите во селото Толиќ во близина на Мионица.

Тој ја обвини опозицијата за предизвикување нереди и праша што прават претставниците на опозицијата од другите градови на местата каде што се одржа гласање на локалните избори во неделата.

„Дојде Кокановиќ, Ќута, Саво Манојловиќ… Донесоа тепачи од сите страни. Што правевте таму, само малтретиравте луѓе и повторно изгубивте… Сакаат да кажат дека некој вршел насилство, а во кафаната која беше нападната имаше наши луѓе. И беше нападната однадвор. Затоа не им беше дозволено ниту многу да кукаат“, кажа Вучиќ.

Претседателот на Србија ги обвини и претставниците на опозицијата дека „извадиле пиштол“ на претставниците на СНС „затоа што не можеле да поверуваат каков е резултатот“ на едно избирачко место.

Тој кажа дека, и покрај победата на изборите, СНС мора детално да анализира каде можело да се направи повеќе и што треба да се постигне за да се подобрат резултатите.

„Ќе мора да направиме големи и значајни промени“, порача Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ