„Претседателот на Република Србија ќе ја посети Украина на еден ден во среда, 11 јуни, каде што ќе учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа“, објави српското претседателство.
Српскиот шеф на држава никогаш не ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Претходно беше најавено дека самитот Украина-Југоисточна Европа ќе се одржи во Одеса.
Минатата година, третиот самит Украина-Југоисточна Европа се одржа во Дубровник.
Посетата доаѓа неколку дена откако руската разузнавачка служба изјави дека „српската воена индустрија се обидува да ѝ пука во грб на Русија“ со продажба на муниција на Украина.
Оваа посета, за разлика од другите, не беше најавена, но јавноста дозна за неа дури откако претседателот замина, пишува Н1.