недела, 7 декември 2025

Вучиќ: Спремен сум да разговарам со Дијана Хрка, совеста ми е чиста

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ порача денес на мајката на настраданото момче во трагедијата во Нови Сад Дијана Хрка, која штрајкува со глад седум дена пред српското собрание, дека е подготвен да разговара со неа и дека неговата совест е чиста.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ кажа дека е подготвен да ја прими Дијана Хрка „секогаш и во секој момент“, и дека е подготвен да ја посети, но дека разговорот треба да се одвива без „политички настап во кој ќе бидат опкружени со 500 луѓе“ и без обиди за предизвикување инциденти.

„Јас сум претседател на сите граѓани и морам да ги истрпам и најлошите можни навреди и најлошите лаги, но секогаш морам да бидам подготвен да разговарам“, кажа Вучиќ, додавајќи дека ја разбира тежината на нејзината болка.

Вучиќ ја замоли Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад, предупредувајќи дека „никој не треба да си игра со своето здравје“.

„Немам ништо лично против госпоѓа Дијана Хрка. Подготвен сум да разговарам, да слушам, да помогнам ако можам. Ако сака да дојде на Претседателството, ќе ја прифатам без оглед на распоредот. Мојата совест е чиста, бидејќи ја водев земјата во тешки времиња и ја одржував стабилноста повеќе од 14 години“, порача Вучиќ.

Тој потврди дека го посетил семејството Фириќ во Нови Сад, мајката која ги загубила своите ќерки Сара и Валентина при падот на стреата на железничката станица во Нови Сад.

Како што изјави, тој „дури и камера не донел со себе на таа посета, а не била снимена ни со телефон“, а информацијата протекла во јавноста затоа што ја прошриле „блокаторските зборови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ