Зборувајќи на отворањето на спортската сала во Путинци, Вучиќ изрази надеж дека граѓаните ќе „судат според делата“ и ќе ја поддржат Српската напредна партија при гласањето. „Донесете ја одлуката со ладна глава и рационално. Погледнете што е направено, погледнете ги плановите, програмите и луѓето кои се способни да спроведат нешто или не се способни“, кажа Вучиќ.
Според него, салата во Путинци, иако не е капитален проект, е изградена како дел од подготовките за Експото.
„Знам дека изградбата на објекти за пречистување на отпадни води и трафостаници во индустриската зона е важна, но ги поканувам жителите на Рума да ни кажат што уште им е потребно“, кажа Вучиќ. Тој нагласи дека за време на владата на СНС, во Рума биле отворени 11 или 12 фабрики, а невработеноста била намалена од 6.400 на 1.800 луѓе.






