петок, 1 август 2025

Вучиќ: Секогаш ќе го поддржувам Ѓоковиќ од сѐ срце, иако ги поддржа „блокадите“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека секогаш ќе го поддржува Новак Ѓоковиќ од се срце, иако тој ги поддржа „блокадите“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Разговарав со Новак вечерта пред тој да ги поддржи блокадите. Не сакам да зборувам за детали, тој ми се јави. Не коментирав ништо потоа и нема да коментирам“, рече Вучиќ во интервју за ТВ Информер синоќа, како што објави веб-страницата на Информер.

Вучиќ рече „секако дека го поддржувам Ѓоковиќ од се срце, тој е легенда на Србија“.

„Што мислам за неговиот политички став? Цела вечер зборував за тоа. Но, тој направи толку многу за Србија, никогаш нема да кажам лош збор. Може да зборува против мене колку што сака, да ги поддржува политичките противници, но да кажам нешто лошо против него е блесаво и глупаво“, рече Вучиќ, наведувајќи дека вчера од се срце навивал за Ѓоковиќ против Јаник Синер и дека „секогаш ќе навива“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ