Вучиќ се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во срцата и душите, бидејќи никој не може да ја сопре Србија која создава, гради и сонува. Минавме низ тешкотии, наидувавме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во ред, чесност и љубов кон својата земја не можат да бидат уништени.
Гордоста, достоинството и верата во подобро утре од секогаш нè воделе! Затоа продолжуваме заедно кон целта, одам пред вас за да бидам штит, да се борам и дадам сè што можам за земјата која ја сакам.
Сите мораме да тргнеме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија!“, порача Вучиќ.
Претходно речиси сите медиуми кои беа на Флорида со него известија дека претседателот на Србија ненадејно се вратил во земјата бидејќи му се слошило во попладневните часови по локално време. Од неговиот кабинет засега не е објавено официјално соопштение за здравствената состојба на Вучиќ.
Некои претставници на опозициските партии во Србија ја доведоа во прашање официјалната причина за враќањето на Вучиќ.
Заменик претседателот на Партијата на слободата и правдата Борко Стефановиќ оцени дека „приватната посета (на Вучиќ) на Мајами доживеа целосно фијаско“, додека претседателот на партијата Србија Центар Здравко Понош порача дека претседателот на Србија Александар Вучиќ „ја бакна вратата, иако копнееше чекајќи да му ја баци раката на (американскиот претседател Доналд) Трамп“.